28 ПРЕЖИВЕАНИ И НАД 30 ЗАГИНАТИ ВО АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА НА „АЗЕРБЕЈЏАН ЕРЛАЈНС“ ВО КАЗАХСТАН

    28 ПРЕЖИВЕАНИ И НАД 30 ЗАГИНАТИ ВО АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА НА „АЗЕРБЕЈЏАН ЕРЛАЈНС“ ВО КАЗАХСТАНВо авионот имало 67 патници, вклучително и пет членови на екипажот. (Фото: АП)

    Најмалку 28 патници ја преживеаја авионската несреќа на патничкиот авион на „Азербејџан ерлајнс“, што се урна во градот Актау во Казахстан, што значи дека над 30 патници најверојатно се мртви, соопшти Министерството за вонредни состојби на Казахстан.

    Министерството потврди дека во авионот имало 67 лица, меѓу кои и пет членови на екипажот. Преживеаните патници се в болница. Руската новинска агенција „Интерфакс“ го цитираше Мнистерството дека може да има уште преживеани и медицинските работници на местото на настанот кои велат дека четири тела се извлечени.

    Авионот „ембраер 190“ принудно слета на 3 километри од градот, соопшти претходно „Азербејџан ерлајнс“.

    Авионот првично требаше да патува од главниот град на Азербејџан, Баку до рускиот град Грозни во Северен Кавказ. Според „Азербејџан ерлајнс“, 37 патници биле азербејџански државјани. Имало и 16 руски државјани, шест државјани на Казахстан и тројца од Киргистан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира