29-ГОДИШНИК ВОЗЕЛ СО 190 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР

    29-ГОДИШНИК ВОЗЕЛ СО 190 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАРВозел со брзина од 190 километри на час каде дозволената брзина е 80 километри на час. (Фото: СВР Тетово)

    Жител на тетовското село Пирок вчера бил запрен од полицијата затоа што на автопатот Тетово-Гостивар возел со брзина од 190 километри на час каде дозволената брзина е 80 километри на час. За кривичното дело Безобѕирно управување со моторно возило полицијата го уапси, а ќе добие и кривична пријава.

    „На 20.06.2025 во 10.51 часот на патот Гостивар-Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б. М. (29) од село Пирок, Тетовско. При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б. М. управувал патничко моторно возило ‘ауди’ со германски национални ознаки со брзина од 190 километри на час, на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик за Безобѕирно управување со моторно возило”, соопшти СВР Тетово.

    З. АНДОНОВ 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира