33 ЛУЃЕ УМРЕЛЕ ОТКАКО ИСПИЛЕ ЛОСИОН ЗА КАПЕЊЕ ВО РУСИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:32:"Иркутск,(Би-Би-Си)

    33 ЛУЃЕ УМРЕЛЕ ОТКАКО ИСПИЛЕ ЛОСИОН ЗА КАПЕЊЕ ВО РУСИЈА

    Најмалку 33 луѓе умреле во Русија откако испиле лосион за капење, изјавија властите во понеделник. Парфимираната течност од глог била консумирана како алкохол, според Рускиот истражувачки комитет. Повеќе од 50-тина лица во сибирскиот град Иркутск викендов побарале медицинска помош откако го испиле производот.

    Истражувачите соопштија дека напишаното предупредување дека течноста не треба да се проголта била игнорирана. Производот се состои од метанол, токсична супстанца која се наоѓа и во антифриз.

    Две лица биле приведени поради смртта на жртвите, а полицијата ги отстранува шишињата со лосион од маркетите.

    Производите за домаќинство многумина во Русија ги сметаат како евтина алтернатива за алкохол низ земјите од поранешниот Советски сојуз. Минатиот месец, рускиот заменик премиер Александар Клопонин, рече дека лекарствата и парфемите сочинуваат дури 20% од консумираниот алкохол во државата.

    Труењето со алкохол е чест случај, но овoј е еден од најубиствените инциденти во последните неколку години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира