50 ОТСТО ОД МОЈОТ ТИМ ЌЕ БИДАТ ЖЕНИ И ДВЕ ТРЕТИНИ СЕ ЕКСПЕРТИ, КАЖА КУРЦ ЗА НОВАТА АВСТРИСКА ВЛАДА

    50 ОТСТО ОД МОЈОТ ТИМ ЌЕ БИДАТ ЖЕНИ И ДВЕ ТРЕТИНИ СЕ ЕКСПЕРТИ, КАЖА КУРЦ ЗА НОВАТА АВСТРИСКА ВЛАДАПо неколкунеделни преговори, ОВП на Себастијан Курц синоќа договори коалиција со ФПО, предводена од Хајнц-Кристијан Штрахе. (Фото: ДПА)

    Себастијан Курц, 31-годишниот лидер на австриската конзервативна партија ОВП, како приоритети си ги постави родовата еднаквост и специјализираното професионално знаење во неговата влада со десничарската и популистичка ФПО.

    „Педесет отсто од мојот тим ќе бидат жени и две третини се експерти“, кажа Курц денеска во Виена.

    По неколкунеделни преговори, ОВП синоќа договори коалиција со ФПО, предводена од Хајнц-Кристијан Штрахе. Курц, кој ќе стане најмладиот премиер во Европа, кажа дека коалицијата ќе ги намали даноците и ќе ја направи земјата економски центар.

    Двајцата лидери дискутираа со претседателот Александер ван дер Белен за предложениот кабинет. Претседателот рече дека планира да се сретне со секој од предложените министри пред да дадат заклетва следната недела. Ван дер Белен има овластувања да одбие индивидуални министри, но кажа дека не гледа ништо спорно кај предложените имиња.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира