80 МРТВИ ОД БОМБАШИ САМОУБИЈЦИ ВО КАБУЛ, ИСИС ЈА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТА

a:1:{s:9:"td_source";s:37:"Кабул,(разниизвори)

    80 МРТВИ ОД БОМБАШИ САМОУБИЈЦИ ВО КАБУЛ, ИСИС ЈА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТА

    Исламска држава (ИСИС) ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад и убиството на 80 луѓе за време на мирни демонстрации денеска попладне во Кабул, Авганистан.

    Досега се избројани 80 тела, а повеќе од 260 лица се повредени и пренесени во болниците во Кабул, изјавил портпаролот на авганистанското Министерство за здравство за Си Ен Ен.

    Нападот, најголем според бројот на жртвите во последниве неколку месеци, го привлече вниманието кон ИСИС, наместо кон Талибанците, кои беа обвинувани за неодамнешните бомбашки напади.

    Двајца борци на ИСИС ги детонирале своите самоубиствени појаси меѓу демонстрантите кои протестирале за локални проблеми поврзани со снабдување со струја. Трет напаѓач бил убиен од безбедносните сили, пред да ја активира бомбата.

    Џихадистичката терористичката група ги засили напади во светот, а од неодамна и во Авганистан, откако изгуби дел од територијата на самопрогласениот калифат во Ирак и во Сирија.
    Експлозијата во Кабул во саботата попладне се случи за време на демонстрациите во близина на зградата на авганистанскиот парламент и универзитетот во Кабул.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира