Меѓународната федерација на новинари соопшти дека во 2016 година 93 новинари и вработени во медиуми биле убиени во таргетирани напади, со бомби или со огнени оружја, додека други 29 загинале во две авионски несреќи.
Во годишниот извештај објавен во петокот, МФН објави дека бројката е намалена од 112 во 2015 година. Ирак се уште има најголем број на убиства на медиумски работници со 15, пред Авганистан со 13 и Мексико со 11.
И покрај малото опаѓање на смртносното насилство против новинарите, претседателот на МФН Филип Лерут изјави дека статистиката „дава само мал простор за удобност и никаков простор за надеж за крајот на сегашната криза на безбедноста на медиумите.“
Во двете авионски несреќи, 20 бразилски новинари загинаа во Колумбија и девет вработени во руски медиуми загинаа на пат кон Сирија.