АБУ МОХАМЕД АЛ-ГОЛАНИ – БИВШ ШЕФ НА АЛ-КАЕДА КОЈ СЕ ТРАНСФОРМИРАШЕ ВО ПОУМЕРЕН ЛИДЕР НА СИРИСКИТЕ БУНТОВНИЦИ

    АБУ МОХАМЕД АЛ-ГОЛАНИ – БИВШ ШЕФ НА АЛ-КАЕДА КОЈ СЕ ТРАНСФОРМИРАШЕ ВО ПОУМЕРЕН ЛИДЕР НА СИРИСКИТЕ БУНТОВНИЦИАбу Мохамед ал-Голани ја води најмоќната фракција која се бори против режимот на Башар ал-Асад (Фото: АП)

    Сириските бунтовници ги истераа владините сили од централниот град Хама, што е нивна втора голема победа откако минатата недела покренаа изненадувачка офанзива и по само неколку дена го освоија Алеп. Сириската војска потврди дека се повлекла од градот и се распоредила во неговата околина со цел да се спречат цивилни жртви и урбани борби.

    Хама постојано беше под контрола на владините сили за време на граѓанската војна, која почна во 2011 и ова ќе им овозможи на бунтовниците да го продолжат својот воен поход кон југот на земјата.

    Офанзивата на бунтовниците, кои досега беа стационирани во провинцијата Идлиб, е предводена од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), на чие чело е Абу Мохамед ал-Голани.

    Како заповедник на огранокот на Ал-Каеда во сириската граѓанска војна, Голани се држеше во сенка дури и додека неговата група стануваше најмоќната фракција која се бори против режимот на Башар ал-Асад. Тој денес е најпрепознатливиот бунтовник во Сирија, кој постепено се оддалечуваше од Ал-Каеда, ја ребрендираше својата група и стана фактички владетел на северозападна Сирија. Трансформацијата беше видлива откако неговите борци влегоа во Алеп минатата недела, кога Голани испрати пораки дека сириските малцинства ќе бидат безбедни. Тој притоа им забрани на своите борци да влегуваат во домови.

    Голани се однесува попаметно од Асад. Тој и ХТС се очигледно променети, најдоа нови сојузници, но остануваат тврдокорни. Тоа е пи-ар, но покажуваат дека не се крути како некогаш. Ал-Каеда и Исламска држава никогаш не би го направиле тоа“, вели аналитичарот Арон Лунд.

    Пред да ја основа групата Нусра фронт, Голани се борел за Ал-Каеда во Ирак и таму поминал пет години во американски затвор. Во Сирија се вратил набргу по почетокот на востанието против Асад со мисија да го изгради присуството на Ал-Каеда во земјата. САД го прогласија за терорист во 2013, а подоцна и Турција, за што Голани кажа дека е неправедно зашто секогаш се противел на убивањето цивили.

    По колапсот на Исламска држава, Голани објави дека ги прекинува врските со Ал-Каеда и со својата нова група ја зацврсти контролата во северозападната сириска провинција Идлиб.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира