АКЦИЈАТА ЗА ФАЌАЊЕ НА МАДУРО СЕ ПОДГОТВУВАЛА СО МЕСЕЦИ, ЦИА ИМАЛА ИЗВОР ВО ВЛАДАТА НА ВЕНЕЦУЕЛА

    АКЦИЈАТА ЗА ФАЌАЊЕ НА МАДУРО СЕ ПОДГОТВУВАЛА СО МЕСЕЦИ, ЦИА ИМАЛА ИЗВОР ВО ВЛАДАТА НА ВЕНЕЦУЕЛАТрамп изјави дека во акцијата не загинал ниеден американски војник (Фото: Гети)

    Извор на ЦИА во венецуелската влада им помогнал на САД да го лоцираат Николас Мадуро во пресрет на неговото апсење од страна на елитните сили на американската армија, објавија „Си-Би-Ес њуз“ и „Њујорк тајмс“. Тој бил дел од широка мрежа разузнавачки информации вклучени во операцијата, која била резултат на повеќе месеци прецизно планирање од ЦИА и Министерството за одбрана.

    Не е јасно кога бил регрутиран изворот, но владата на САД понуди награда од 50 милиони долари за информации што би довеле до апсење на Мадуро.

    Генералот Ден Кејн, главниот воен советник на Доналд Трамп, изјави дека во изненадувачката воена операција во Венецуела учествувале повеќе од 150 борбени летала од 20 воени бази.

    Во акцијата учествуваа авиони ‘Ф-22‘, ‘Ф-35‘ и ‘Ф-18‘, бомбардери ‘Б1‘ и други авиони за поддршка, како и бројни далечински управувани беспилотни летала. Мисијата на авионите беше да обезбедат покритие за хеликоптерите што дејствуваа како сила за извлекување со цел да се заробат Мадуро и неговата сопруга“, кажа Кејн.

    Тој додаде дека имало повеќе ангажмани на самоодбрана откако силите почнале да се повлекуваат од Венецуела.

    Еден хеликоптер беше погоден, но остана способен за летање“, рече Кејн.

    Тој кажа дека ова била внимателно испланирана операција која се подготвувала со месеци за да се минимизира штетата и за Мадуро и неговата сопруга и за цивилите.

    „Синоќа времето се подобри доволно, отворајќи патека по која само највештите пилоти во светот би можеле да летаат“, рече Кејн.

    Трамп изјави дека во акцијата не загинал ниеден американски војник и не било изгубено ниедно парче воена опрема.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира