АМЕРИКАНСКА АВИОКОМПАНИЈА КАЗНЕТА СО 140 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ

    АМЕРИКАНСКА АВИОКОМПАНИЈА КАЗНЕТА СО 140 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ ЗА ПРАЗНИЦИТЕМилиони останаа заглавени откако „Саутвест“ откажа над 16.900 летови за време на празничната сезона минатата зима. (Фото: Саутвест)

    „Саутвест Ерлајнс“ е казнета со рекордни 140 милиони долари од американското министерство за транспорт поради откажани летови за празниците во 2022 година. Казната е околу 30 пати поголема од претходно најголемата изречена против авиокомпанија во американската историја.

    Милиони останаа заглавени откако „Саутвест“ откажа над 16.900 летови за време на празничната сезона минатата зима.

    „Ако авиокомпанија ги изневери своите патници, ние ќе ги искористиме до максимум нашите надлежности за таа да одговара“, кажа секретарот за транспорт Пит Бутиџиџ во понеделникот.

    Најголемиот дел од парите од казната ќе одат за компензација на идни патници на „Саутвест“ во случај на откажувања или доцнења предизвикани од компанијата, додека 35 милиони долари ќе добие државата.

    Како дел од фондот за компензација, „Саутвест“ е обврзана да им даде ваучер од 75 долари на патниците на кои пристигнувањето ќе им доцни над три часа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира