АМЕРИКАНСКА ПРАТЕНИЧКА И НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ УБИЕНИ ВО НИВНИОТ ДОМ ВО МИНЕСОТА, ВО ДРУГО ПУКАЊЕ РАНЕТ СЕНАТОР

    АМЕРИКАНСКА ПРАТЕНИЧКА И НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ УБИЕНИ ВО НИВНИОТ ДОМ ВО МИНЕСОТА, ВО ДРУГО ПУКАЊЕ РАНЕТ СЕНАТОРИстражителите веруваат дека осомничениот можеби се претставил како полицаец (Фото: АП)

    Пратеничката на Демократската партија од Минесота, Емерита Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг се убиени во нивниот дом, додека во друг инцидент се застрелани државниот сенатор Џон Хофман, исто така демократ и неговата сопруга. Гувернерот Тим Волц ги опиша нападите како чин на политички мотивирано насилство.

    Волц кажа дека Хофман и неговата сопруга биле застрелани повеќепати дома и дека веќе се оперирани. Пукањата се случија во Бруклин Парк и Чемплин, соседни градови на Минеаполис.

    Јас сум претпазлив оптимист, но мислам дека ќе го преживеат овој обид за атентат“, кажа Волц.

    Еден добро упатен извор кажа дека истражителите веруваат дека осомничениот можеби се претставил како полицаец. Мотивот на нападите не е познат, а истрагата е во рана фаза.

    Властите ги повикаа луѓето од областа да не отвораат врата на полицаец, освен ако не се двајца.

    Демократот Хофман првпат бил избран за сенатор во 2012, а Хортман првпат станала пратеничка во 2004. Двајцата претставуваа округ северно од Минеаполис.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира