АМЕРИКАНСКАТА МОРНАРИЦА ДЕТЕКТИРАЛА ЗВУЦИ НА ИМПЛОЗИЈА НАБРГУ ПО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ПОДМОРНИЦАТА „ТИТАН“

    АМЕРИКАНСКАТА МОРНАРИЦА ДЕТЕКТИРАЛА ЗВУЦИ НА ИМПЛОЗИЈА НАБРГУ ПО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ПОДМОРНИЦАТА „ТИТАН“Загубата на подморницата беше потврдена по неколкудневната обемна потрага (Фото: АП)

    Американската морнарица детектирала звуци соодветни на имплозија набргу откако бил изгубен контактот со подводното пловило „Титан“, кое беше на пат кон остатоците на „Титаник“, изјави официјално лице. Петмина луѓе беа во подморницата, кои вчера и официјално беа прогласени за мртви, откако беа пронајдени нејзини остатоци на океанското дно.

    Загубата на подморницата беше потврдена по неколкудневната обемна потрага. Од морнарицата кажаа дека американската крајбрежна стража употребила нивни информации за „акустична аномалија“ за да се стесни областа на потрагата.

    Адмиралот на крајбрежната стража Адам Мауџер изјави дека сите петмина луѓе во подморницата починале откако најверојатно се случила катастрофална имплозија, што било заклучено од шаблонот на пронајдените остатоци. Тој додаде дека за време на спасувачката мисија не биле детектирани звуци кои одговараат на имплозија.

    Речиси постојано имавме звучни инструменти во водата и притоа не беа детектирани никакви катастрофални настани“, кажа Мауџер.

    Подводни звуци во областа на потрагата првпат биле регистрирани во средата, но сега се верува дека тие можеби доаѓале од други бродови.

    Мауџер вели дека продолжува истрагата за причините за имплозијата.

    Знам дека има многу прашања како, зошто и кога се случило тоа. Ќе се обидеме да собереме што е можно повеќе информации, но ова е сложен случај кој се случи во зафрлен дел од океанот и вклучува луѓе од неколку земји“, кажа Мауџер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира