АМЕРИКАНСКИ ПАСТОР КОЈ ТВРДЕШЕ ДЕКА ГОСПОД Е ПОГОЛЕМ ОД КОРОНАВИРУСОТ ПОЧИНА ОД КОВИД-19

    АМЕРИКАНСКИ ПАСТОР КОЈ ТВРДЕШЕ ДЕКА ГОСПОД Е ПОГОЛЕМ ОД КОРОНАВИРУСОТ ПОЧИНА ОД КОВИД-19Џералд Глен Глен одбиваше да ги почитува препораките на официјални лица да се избегнуваат големи собири

    Американски пастор кој се спротивставуваше на правилата за социјално дистанцирање и продолжи да одржува големи богослужби почина откако се заразил со коронавирус.

    Веста дека пасторот Џералд Глен починал од КОВИД-19 ја потврди и неговата евангелистичка црква, што тој ја основал во 1995 година.

    Шеесет и шестгодишниот Глен одбиваше да ги почитува препораките на официјални лица да се избегнуваат големи собири за време на пандемијата на коронавирусот, ветувајќи дека „ќе продолжи со богослужбите сѐ додека не биде во затвор или болница“.

    „Јас длабоко верувам дека Господ е поголем од овој ужасен вирус“, им кажал Глен на своите следбеници во Ричмонд, пет дена откако гувернерот на Вирџинија Ралф Нортхем им препорача на луѓето да избегнуваат собири со повеќе од десет луѓе.

    Нејасно е кога Глен се заразил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира