АМЕРИКАНСКИОТ БИЗНИСМЕН СТЕФАНОС КАСЕЛАКИС ИЗБРАН ЗА НОВ ЛИДЕР НА ГРЧКАТА ЛЕВИЦА, ДО ПРЕД ЕДЕН МЕСЕЦ НИКОЈ НЕ СЛУШНАЛ ЗА НЕГО

    АМЕРИКАНСКИОТ БИЗНИСМЕН СТЕФАНОС КАСЕЛАКИС ИЗБРАН ЗА НОВ ЛИДЕР НА ГРЧКАТА ЛЕВИЦА, ДО ПРЕД ЕДЕН МЕСЕЦ НИКОЈ НЕ СЛУШНАЛ ЗА НЕГОСтефанос Каселакис е првиот лидер на политичка партија во Грција кој е геј (Фото: ЕПА)

    Аналитичарите и политичките партии се обидуваат да сфатат како 35-годишен американски државјанин, претходно непознат во Грција, успеа да стане нов лидер на најголемата грчка опозициска партија Сириза.

    Стефанос Каселакис е роден во Грција, а се преселил во САД на 14 години откако добил полна средношколска стипендија. Дипломирал на Универзитетот на Пенсилванија, по што изградил успешна кариера во бродската индустрија и работел во „Голдман Сакс“.

    Вчера, по токсична и доста напната предизборна дебата, тој освои 57% гласови во вториот круг од изборите за лидер на Сириза.

    До пред еден месец, никој не знаел за него во Грција. Во последен момент се вклучи во трката за лидер на Сириза и ја доведе во прашање навидум лесната победа на Ефи Ахтсиоглу. Благодарение на успешна и паметна кампања на социјалните мрежи, сите почнаа да зборат за Каселакис, кој притоа привлече и 40.000 нови гласачи за грчката левица, која доживеа тежок пораз на изборите во јули.

    Некои аналитичари ја опишаа кампањата на Каселакис наречена „метаполитика“ како феномен. Заснована само врз социјални мрежи, таа првпат беше применета во Европа. Без политичко искуство, Каселакис сега ќе има тешка задача да се наметне како лидер во својата поделена партија и да се соочи со моќната конзервативна влада. Тој исто така е првиот лидер на политичка партија во Грција кој е геј.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира