Агентите на американската Агенција за имиграција и гранична контрола (ИЦЕ) ќе имаат безбедносна улога за време на претстојните Зимски олимписки игри во Милано и Кортина, изјавија извори од американската амбасада во Рим. Тие додаваат дека федералните агенти на ИЦЕ ќе помагаат во обезбедувањето на американските диппломати и нема да водат никакви операции за спроведување на имиграциските закони.
За време на претходните олимпијади повеќе федерални агенции се грижеле за безбедноста на американските дипломати, вклучувајќи ја истражната компонента на ИЦЕ наречена Истраги за национална безбедност.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, кажа дека агентите на ИЦЕ нема да бидат добредојдени во градот во кој ќе се одржуваат повеќето од спортските настани на мраз.
„Тие не се добредојдени во Милано. Тие не се во согласност со демократскиот начин на управување со безбедноста“, рече Сала.
Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози изјави дека не добил потврда за улогата на ИЦЕ на ЗОИ, но додаде дека „не гледа во што би бил проблемот“.
ИЦЕ дојде на лош глас откако нејзините агенти убија двајца американски државјани во Минеаполис оваа година, агресивно спроведувајќи ја антиимиграциската политика на владата на Трамп.



