АМЕРИКАНСКИТЕ ВЛАСТИ И НАТАМУ ТРАГААТ ПО УБИЕЦОТ НА КОНЗЕРВАТИВНИОТ ИНФЛУЕНСЕР ЧАРЛИ КИРК

    АМЕРИКАНСКИТЕ ВЛАСТИ И НАТАМУ ТРАГААТ ПО УБИЕЦОТ НА КОНЗЕРВАТИВНИОТ ИНФЛУЕНСЕР ЧАРЛИ КИРККирк беше застрелан додека држеше говор пред 3.000 луѓе во кампусот на Универзитетот Јута Вели (Фото: Десерет њуз)

    Американските власти и натаму трагаат по убиецот на влијателниот конзервативен активист и коментатор Чарли Кирк, кој вчера беше застрелан додека држеше говор на јавен настан на универзитет во Јута, по што почина во болница. Властите кажаа дека сѐ уште немаат осомничен во притвор, а двете лица кои биле уапсени по пукањето биле ослободени откако било утврдено дека немаат никаква врска со тоа.

    Единствениот сторител осомничен дека испукал еден куршум што го уби 31-годишниот Кирк, очигледно од снајперско гнездо на покривот на кампусот, останува на слобода. Истрагата и потрагата по напаѓачот се во тек“, изјави комесарот на одделот за јавна безбедност на Јута, Бо Мејсон.

    Доналд Трамп изјави дека неговата влада ќе го брка осомничениот додека не биде фатен.

    Мојата администрација ќе ги пронајде сите кои придонеле за ова злосторство и за друго политичко насилство, вклучувајќи ги и организациите што го финансираат и поддржуваат“, рече Трамп.

    Кирк беше застрелан додека држеше говор пред 3.000 луѓе во кампусот на Универзитетот Јута Вели во градот Орем. Снимки од инцидентот покажуваат како Кирк држи говор на отворено, кога се слуша пукање. Тој може да се види како ја движи раката кон вратот додека паѓа од столот, а присутните трчаат.

    Ова е мрачен ден за Америка, сакам да биде јасно дека ова е политички атентат“, изјави републиканскиот гувернер на Јута, Спенсер Кокс.

    Кирк важеше за влијателен сојузник на Трамп и беше коосновач на Пресвртница (Turning Point). најголемата конзервативна младинска организација во САД. Кирк ја основал организацијата во 2012 кога имал само 18 години, со цел да шири конзервативни идеали на американските колеџи. Таа денес има подружници на повеќе од 850 колеџи и редовно организира јавни настани.

    Она што почна како група за конзервативен активизам на колеџи прерасна во мрежа на десничарски инфлуенсери, а Чарли Кирк стана еден од најмоќните гласови во младото десничарско конзервативно движење“, рече новинарката за технологија Тејлор Лоренц.

    Со милиони следбеници на дигиталните платформи, Кирк ги поттикна младите да гласаат за Трамп на ланските претседателски избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира