Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо рече дека апсењето на претседателот Николас Мадуро е „огромен чекор за човештвото, за слободата и човечкото достоинство“. Мачадо, која лани се криеше со месеци, изјави дека е благодарна за акцијата на американскиот претседател Доналд Трамп во Венецуела.
Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2025 изјави за „Фокс њуз“ дека на новата привремена претседателка Делси Родригез – која беше потпретседателка на Мадуро – „не може да ѝ се верува“. Мачадо ја напушти Венецуела минатиот месец за да ја прими Нобеловата награда за мир за нејзината борба против она што Норвешкиот Нобелов комитет го нарече диктатура – таа оттогаш не се врати во земјата.
Таа зборуваше неколку часа откако Мадуро се изјасни за невин по разни прекршоци поврзани со трговија со дрога и оружје пред судот во Њујорк. За време на тоа 30-минутно сослушување, Мадуро рече дека е „киднапиран претседател“ и „воен заробеник“ и изјави дека „сè уште е претседател“ на Венецуела.
Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес беа киднапирани од нивниот комплекс во Каракас на 3 јануари и однесени со авион во САД како дел од операција на специјалните сили.



