АРКТИЧКА БУРА ГИ ПОГОДИ САД ЗА БОЖИЌ, ТЕМПЕРАТУРИТЕ БИ МОЖЕЛЕ ДА ПАДНАТ ДО -56 ЦЕЛЗИУСОВИ СТЕПЕНИ

    АРКТИЧКА БУРА ГИ ПОГОДИ САД ЗА БОЖИЌ, ТЕМПЕРАТУРИТЕ БИ МОЖЕЛЕ ДА ПАДНАТ ДО -56 ЦЕЛЗИУСОВИ СТЕПЕНИНа големите аеродроми се откажани илјадници летови, додека бурата се засилува (Фото: АП)

    Ниските температури кои предизвикуваат хаос низ САД можат да доведат до смрзнатини на гола кожа за пет до десет минути, велат експертите.

    Поради моќната арктичка бура, повеќе од 135 милиони луѓе се соочуваат со тешки временски услови во пресрет на најпрометните денови за патување во годината. Предупредувањето се протега од еден до друг брег, како и до крајниот југ, сè до американско-мексиканската граница и сончевата Флорида. На големите аеродроми се откажани илјадници летови, додека бурата се засилува.

    Метеоролозите велат дека ова би можел да биде најледениот Божиќ во САД во последните неколку децении.

    До крајот на неделата, во некои делови од земјата се можни температури меѓу -45 и -56 Целзиусови степени. Зимската бура би можела да стане циклонска бомба до викендот“, објави Националната метеоролошка служба.

    Циклонска бомба е термин со кој се означува експлозивна бура која брзо се засилува, при што централниот воздушен притисок паѓа за најмалку 24 милибари за 24 часа.

    Ова не е оној снежен ден како кога бевте деца. Ова е многу сериозно“, кажа претседателот Џо Бајден.

    Вонредна состојба е прогласена во Њујорк, Кентаки, Северна Каролина, Западна Вирџинија, Џорџија и Оклахома, а гувернерот на Охајо, Мајк Девајн, го опиша времето како уникатна и опасна ситуација. Се очекува Флорида да го има најстудениот Божиќ во последните 30 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира