АТЕНТАТОРОТ НА ТРАМП ГИ ДОБИ ПРВИТЕ ОБВИНЕНИЈА ЗА НОСЕЊЕ ОРУЖЈЕ, ОТКРИЕНО ДЕКА 12 ЧАСА ЧЕКАЛ ВО ГРМУШКИТЕ КАЈ ГОЛФ КЛУБОТ

    АТЕНТАТОРОТ НА ТРАМП ГИ ДОБИ ПРВИТЕ ОБВИНЕНИЈА ЗА НОСЕЊЕ ОРУЖЈЕ, ОТКРИЕНО ДЕКА 12 ЧАСА ЧЕКАЛ ВО ГРМУШКИТЕ КАЈ ГОЛФ КЛУБОТВластите засега немаат кажано кои се мотивите на Раут (Фото: АП)

    Рајан Вејн Раут, кој наводно се обиде да изврши атентат врз Доналд Трамп во неговиот голф клуб во Флорида, доби две обвиненија поврзани со оружје во федерален суд. Против него веројатно ќе бидат покренати уште обвиненија, но првичните точки – поседување огнено оружје како осуден криминалец и поседување огнено оружје со избришан сериски број, ќе им овозможат на властите да го задржат во притвор додека истрагата продолжува.

    Трамп веднаш беше одведен на безбедно, но инцидентот покрена прашања како вооружен маж успеал да дојде толку блиску до него, само два месеца откако беше цел на атентат на митингот во Пенсилванија. Телефонски извештаи сугерираат дека 58-годишниот Раут можеби чекал во грмушките кај голф клубот речиси 12 часа, при што бил оддалечен околу 400 метри од местото каде што играл Трамп.

    Агенти на Тајната служба отвориле оган кон него откако забележале „калашников“ во грмушките, по што тој оставил се зад себе и избегал со автомобил, пред да биде уапсен 40 минути подоцна.

    Трамп ги обвини Џо Бајден и Камала Харис за новиот обид за атентат, тврдејќи дека „високо запаливата реторика“ на Демократите довела до него, иако властите засега немаат кажано кои се мотивите на Раут.

    Нивната реторика доведе до тоа да пукаат во мене, кога јас сум тој кој ќе ја спаси земјата, а тие се оние кои ја уништуваат“, кажа Трамп.

    Раут бил голем поддржувач на Украина и патувал таму по почетокот на руската инвазија, наводно со цел да регрутира странци да се борат против руските сили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира