АВИОН НА „РАЈАНЕР“ КОЈ ЛЕТАЛ ОД ИРСКА ЗА ХРВАТСКА ПРИНУДНО СЛЕТА ВО ФРАНКФУРТ, 33 ПАТНИЦИ ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА

    АВИОН НА „РАЈАНЕР“ КОЈ ЛЕТАЛ ОД ИРСКА ЗА ХРВАТСКА ПРИНУДНО СЛЕТА ВО ФРАНКФУРТ, 33 ПАТНИЦИ ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦАПоради губење на притисок во кабината, авионот нагло се спуштил за 9.100 метри (Фото: Фејсбук)

    Триесет и три патници се примени во болница, некои со крвавање од ушите, откако авион на „Рајанер“, кој леташе на релацијата Даблин-Задар, нагло загубил притисок во кабината, при што морал принудно да слета во Франкфурт, соопшти локалната полиција.

    Маските за кислород биле ослободени во авионот по само 80 минути лет, откако тој, според податоците на сајтот Флајтрадар, за период од седум минути се спуштил за повеќе од 9.100 метри.

    „Како што налага стандардната процедура, екипажот им нареди на патниците да ги стават маските за кислород и почна со контролирано спуштање“, се вели во соопштението на компанијата.

    Оттаму кажаа дека авионот слетал нормално, при што мал број патници примиле медицинска помош од претпазливост. Патувањето за Задар требало да продолжи денеска.

    „33 од 189 патници се хоспитализирани, некои со крвавење од ушите. Дел од нив беа задржани во болница, а некои одбија да го продолжат патувањето“, кажа портпаролот на полицијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира