Авионот на американските воздушни сили со кој државниот секретар Марко Рубио летал за Минхен морал принудно да се врати во Вашингтон поради механички проблем.
„Државниот секретар ќе го продолжи патувањето за Германија и Блиски Исток со друг авион“, изјави портпаролката на Стејт департментот Тами Брус.
Нејасно е дали Рубио ќе успее да стигне на средбата со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и украинскиот лидер Володимир Зеленски, што денеска треба да се одржи на маргините на Минхенската безбедносна конференција.
Американски функционер изјави дека пилотот по 90 минути лет одлучил да го врати авионот назад поради пукнатина на ветровранското стакло во кокпитот. Авионот на Рубио потоа безбедно слетал во воздухопловната база „Ендрјуз“ близу Вашингтон.