АВСТРИЈКА ПОДЕЛИ НАД 25 МИЛИОНИ ЕВРА ОТКАКО НАСЛЕДИ БОГАТСТВО ЗА КОЕ ДРЖАВАТА НЕ САКАШЕ ДА Ѝ НАПЛАТИ ДАНОК

    АВСТРИЈКА ПОДЕЛИ НАД 25 МИЛИОНИ ЕВРА ОТКАКО НАСЛЕДИ БОГАТСТВО ЗА КОЕ ДРЖАВАТА НЕ САКАШЕ ДА Ѝ НАПЛАТИ ДАНОКМарлен Енгелхорн состави група од 50 граѓани, кои во рок од шест недели требаше да одлучат кој ќе ги добие парите (Фото: АФП)

    Австријката Марлен Енгелхорн подели повеќе од 25 милиони евра од своето наследено богатство, откако група граѓани одлучи кој да ги добие парите. Тие избраа 77 организации во Австрија, на чии сметки ќе бидат префрлени суми од милион до 100.000 евра.

    Триесет и едногодишната Енгелхорн е потомок на Фридрих Енгелхорн, основачот на германската хемиско-фармацевтска компанија „БАСФ“ и наследи милиони евра по смртта на баба ѝ. Американскиот магазин „Форбс“ го процени богатството на Труди Енгелхорн-Векијато на 3,8 милијарди евра и Марлен претходно кажа дека сака да подари 90% од нејзиното наследство, затоа што државата не сака да ѝ наплати данок.

    Наследив богатство, а со тоа и моќ, иако ништо не сум направила за тоа. А, државата дури не сака да наплати данок. Ако политичарите не сакаат да го поделат моето богатство, јас сама ќе го направам тоа“, изјави таа во јануари, кога ги објави своите намери.

    Австрија го укина данокот на наследство во 2008 и е една од ретките европски држави во која тој не постои. Сметајќи го тоа за неправедно, Енгелхорн состави група од 50 граѓани во Салцбург, кои во рок од шест недели требаше да одлучат кој ќе ги добие парите.

    На избраните членови им беше понудена серија предавања, вклучително и од филозофи и професори по економија, за да им помогнат во нивниот избор кој на крајот ќе ги добие парите на Енгелхорн.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира