АВСТРИСКА НАСЛЕДНИЧКА ЌЕ ПОДЕЛИ 25 МИЛИОНИ ЕВРА СО ПОМОШ НА ГРАЃАНИТЕ ОТИ ДРЖАВАТА НЕ САКА ДА Ѝ НАПЛАТИ ДАНОК

    АВСТРИСКА НАСЛЕДНИЧКА ЌЕ ПОДЕЛИ 25 МИЛИОНИ ЕВРА СО ПОМОШ НА ГРАЃАНИТЕ ОТИ ДРЖАВАТА НЕ САКА ДА Ѝ НАПЛАТИ ДАНОКМарлен Енгелхорн претходно кажа дека сака да подари 90% од нејзиното наследство од баба ѝ (Фото: социјални мрежи)

    Австријката Марлен Енгелхорн бара помош од јавноста како да подели најголем дел од парите што ги наследи од нејзината баба. Триесет и едногодишната Енгелхорн, која живее во Виена, сака 50 Австријци да одлучат како да се дистрибуираат 25 милиони евра од нејзиното наследство.

    Наследив богатство, а со тоа и моќ, иако ништо не сум направила за тоа. А, државата дури не сака да наплати данок“, изјави таа.

    Австрија го укина данокот на наследство во 2008 и е една од ретките европски држави во која тој не постои. Енгелхорн смета дека тоа не е праведно.

    Таа е потомок на Фридрих Енгелхорн, основачот на германската хемиско-фармацевтска компанија „БАСФ“ и наследи милиони по смртта на баба ѝ. Американскиот магазин „Форбс“ го процени богатството на Труди Енгелхорн-Векијато на 3,8 милијарди евра и Марлен претходно кажа дека сака да подари 90% од нејзиното наследство.

    Денеска, 10.000 случајно избрани Австријци добија покана за учество во иницијативата на Енгелхорн, од кои ќе бидат селектирани 50-мина.

    Ако политичарите не сакаат да го поделат моето богатство, јас самата ќе го направам тоа. Многумина се мачат да преживеат со својата секојдневна работа и плаќаат данок за секое евро што го заработуваат. Тоа е грешка на политиката“, кажа Енгелхорн.

    Таа додаде дека нема да има право на вето, туку парите ќе бидат поделени онака како што ќе одлучат овие 50 граѓани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира