Независниот кандидат, Александер ван дер Белен, е избран за претседател на Австрија, со што го спречи Норберт Хофер да стане првиот екстремно десничарски лидер на држава, јави „Би-би-си“, повикувајќи се на извори од Виена каде се чека официјалното објавување на резултатите од вториот круг на претседателските избори. Кампањата на Ван дер Белен застапуваше про-ЕУ платформа и беше поддржана од Зелената партија.
Во меѓувреме, кандидатот на екстремната десничарска Слободарска партија, Норберт Хофер, призна пораз на изборите.
Претходно беше соопштено дека Хофер бил во незначителна предност пред својот противник Ван дер Белен, но конечната одлука ја донеле 750 илјади гласови од странство.