БАНДИТЕ СЕ ЗАКАНУВААТ СО ГРАЃАНСКА ВОЈНА ВО ХАИТИ АКО ПРЕМИЕРОТ ХЕНРИ НЕ ДАДЕ ОСТАВКА

    БАНДИТЕ СЕ ЗАКАНУВААТ СО ГРАЃАНСКА ВОЈНА ВО ХАИТИ АКО ПРЕМИЕРОТ ХЕНРИ НЕ ДАДЕ ОСТАВКАНајновиот пораст на насилствата во Хаити започна минатата недела (Фото: АП)

    Лидерот на банда кој стои зад насилствата што го зафатија Хаити предупреди дека би можело да има граѓанска војна ако премиерот Ариел Хенри не поднесе оставка. Џими Шеризие ја изрече оваа закана додека членовите на неговата банда се обидоа да го заземат аеродромот во главниот град Порт о Пренс со цел да го спречат Хенри да се врати од странство.

    Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации Фолкер Тирк изјави дека ситуацијата е надвор од контрола и дека 15.000 цивили веќе се раселени поради насилствата. Тој побара од меѓународната заедница да реагира пред земјата да падне во целосен хаос.

    Најновиот пораст на насилствата во Хаити започна минатата недела кога премиерот Хенри отпатува во Кенија за да разговара за испраќање на мултинационални безбедносни сили во Хаити. Шеризие потоа нареди координиран напад за да се отстрани Хенри од власт, при што вооружени банди викендов упаднаа во два големи затвора, кога избегаа 4.000 затвореници.

    Според весникот „Мајами хералд“, Стејт департментот го притиска Хенри да даде оставка. Тој вчера се качил во авион во Њу Џерси откако со денови не се знаеше каде се наоѓа, ниту се огласил јавно. Место Хаити, неговиот авион слетал во Порторико зашто аеродромот во Порт о Пренс бил затворен поради нападот на бандите.

    Ако Хенри не поднесе оставка, ќе имаме граѓанска војна, која ќе води кон геноцид“, изјави Шеризие, кој стравува дека Хенри ќе употреби сила за да остане на власт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира