„БАНК ОФ АМЕРИКА“ ЌЕ ИСПЛАТИ 72,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОТШТЕТА ПО ТУЖБАТА ОД ЖРТВИТЕ НА ЕПСТИН

    „БАНК ОФ АМЕРИКА“ ЌЕ ИСПЛАТИ 72,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОТШТЕТА ПО ТУЖБАТА ОД ЖРТВИТЕ НА ЕПСТИНКолективната тужба беше поднесена во октомври од жена од Флорида, која вели дека била злоупотребена од Епстин „во најмалку 100 наврати“ помеѓу 2011 и 2019 година и дека имала две сметки во„Бенк оф Америка“ по налог на неговиот бизнис тим. (Фото: Гети)

    „Банк оф Америка“ постигна спогодба од 72,5 милиони долари во тужбата поднесена во име на жртвите на Џефри Епстин, во која банката беше обвинета за олеснување на неговата операција за трговија со луѓе. Предложената колективна тужба беше поднесена во октомври од жена од Флорида, која вели дека била злоупотребена од Епстин „во најмалку 100 наврати“ помеѓу 2011 и 2019 година и дека имала две сметки во„Бенк оф Америка“ по налог на неговиот бизнис тим.

    Се тврди дека банката имала „мноштво информации во врска со операцијата за трговија со луѓе на Епстин но избрала профит пред заштита на жртвите“. Во судските документи, „Банк оф Америка“ наведува дека спогодбата е „без признавање на одговорност“ или „прекршок“ од нејзина страна.

    Спогодбата беше постигната претходно овој месец, но деталите за договорот не беа откриени сè додека документите вчера не беа поднесени во федералниот суд во Њујорк. Сега чекаат одобрение од судијата. Сигрид Меколи, адвокатка на жртвите, изјави за „Би-Би-Си“ претходно овој месец дека одлуката е „уште еден чекор на патот кон заслужена правда“. Ова е трета ваква спогодба од голема банка, откако „Џеј Пи Морган Чејс“ и „Дојче банк“ се согласија да исплатат 290 милиони долари односно 75 милиони долари.

    Тужбата, поднесена во име на „Џејн Доу“, наведува евиденција за „неверојатно алармантно и непредвидливо банкарско однесување“ на нејзините сметки во „Банк оф Америка“, кои ги користел тимот на Епстин. Таа вели дека го запознала Епстин во Русија во 2011 и била контролирана и сексуално злоупотребена од него сè до неговата смрт во затвор во август 2019. Смртта на Епстин беше прогласена за самоубиство, а Џејн Доу ја нарече нејзино „конечно бегство“.

    Тужбата, исто така, посочува на повеќе од 150 милиони долари платени на Епстин од милијардерот Леон Блек, коосновач на „Аполо глобал“, за наводни „совети за даноци и планирање на имот““, преку сметката на Блек во „Банк оф Америка“. Блек, кој се повлече од „Аполо“ поради истрагата за неговите врски со Епстин, негираше дека сторил нешто лошо. Тој беше испрашуван како дел од случајот минатата недела.

    „Банк оф Америка“ претходно го повика судот да ја отфрли тужбата, велејќи дека им обезбедила рутински услуги на луѓе кои во тоа време немале познати врски со Епстин, нарекувајќи ја тужбата „банална и неоснована“.

    „Иако стоиме зад нашите претходни изјави дадени во поднесоците во овој случај, вклучително и дека ‘Банк оф Америка’ не ги олеснила злосторствата поврзани со сексуална трговија, оваа одлука ни овозможува да го оставиме ова прашање зад нас и обезбедува понатамошно затворање за тужителите“, изјави денеска „Банк оф Америка“ за „Би-Би-Си“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира