БАНКАТА „ЈУ-БИ-ЕС“ ЈА КУПИ „КРЕДИТ СВИС“ ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ ГЛОБАЛНА БАНКАРСКА КРИЗА

    БАНКАТА „ЈУ-БИ-ЕС“ ЈА КУПИ „КРЕДИТ СВИС“ ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ ГЛОБАЛНА БАНКАРСКА КРИЗАШвајцарската централна банка ќе обезбеди значителна ликвидност на споената банка. (Фото: АП)

    Банката „Ју-Би-Ес“ (УБС) потпиша договор за купување на ривалската швајцарска банка „Кредит свис“ во обид да се избегнат понатамошни превирања на пазарот во глобалното банкарство, објавија швајцарските власти. Швајцарската централна банка ќе обезбеди значителна ликвидност на споената банка, соопштија на прес-конференција во Берн. Договорот е решение за обезбедување финансиска стабилност и заштита на швајцарската економија во исклучителна ситуација.

    Вредноста на договорот уште не е позната, но во извештајот на „Фајненшл тајмс“ се вели дека е повеќе од 2 милијарди долари.

    Функционерите се тркаат за да ја спасат 167-годишната банка, меѓу најголемите менаџери на богатство во светот, откако во бруталната недела беа забележани вториот и третиот најголем пад на американски банки во историјата. Како една од 30-те глобални банки кои се сметаат за системски важни, договорот за „Кредит свис“ може да ги разбранува глобалните финансиски пазари. Најмалку две големи банки во Европа ги испитуваат сценаријата за евентуално ширење на заразата во банкарскиот сектор во регионот и бараат од Федералните резерви и Европската централна банка да пристапат со посилни сигнали за поддршка, изјавија двајца високи извршни директори.

    Преговорите викендов следат по напорите во Европа и САД да го поддржат секторот по падот на американските заемодавачи „Силикон вели банк“ и „Сигничер банк“. Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се обидува да ги запре потрошувачките депозити додека швајцарската централна банка позајми милијарди на „Кредит свис“ за да го стабилизира билансот.

    Акциите на „Кредит свис“ изгубија четвртина од вредноста минатата недела. Банката беше принудена да искористи 54 милијарди долари од финансирањето на централната банка додека се обидува да се опорави од скандалите што ја поткопаа довербата на инвеститорите и клиентите. Швајцарските власти ги испитуваат наметнатите загуби на сопствениците на обврзници на „Кредит свис“ како дел од спасувањето на банката. Сепак, европските регулатори се плашат од таквиот потег поради страв дека тоа би можело да ја погоди довербата на инвеститорите на друго место во европскиот финансиски сектор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира