БЕЛАТА КУЌА НЕ ГИ ПУШТИ „ЊУЈОРК ТАЈМС“, „СИ-ЕН-ЕН“ И „ПОЛИТИКО“ НА БРИФИНГ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Вашингтон,(Њујорктајмс)

    БЕЛАТА КУЌА НЕ ГИ ПУШТИ „ЊУЈОРК ТАЈМС“, „СИ-ЕН-ЕН“ И „ПОЛИТИКО“ НА БРИФИНГ

    На новинарите од „Њујорк тајмс“ и од уште две медиумски организации им беше забрането да учествуваат на брифингот од прес секретарот на претседателот Доналд Трамп, што претставува исклучително невообичаено кршење на односите меѓу Белата куќа и новинарите.

    На репортерите на „Њујорк тајмс“, „Си-Ен-Ен“ и „Политико“ не им беше дозволено да влезат во канцеларијата на прес секретарот Шон Спајсер за закажаниот брифинг. Помошниците на Спасер дозволија влез само на новинарите од неколку избрани медуми кои, како што рече Белата куќа, претходно потврдиле дека ќе присуствуваат.

    Присуството им бeше дозволено на „Брајтбарт њуз“, „Вашингтон тајмс“, „Уан Америка њуз нетворк“, сите со конзервативни гледишта. Новинари од „Еј-Би-Си“, „Си-Би-Ес“, „Вол Стрит џурнал“, „Блумберг“ и „Фокс њуз“, исто така, беа присутни.

    Новинари од „Тајм“ и „Асошиетед прес“, на кои им беше дозволено присуство, решија да не присуствуваат како протест против потегот на Белата куќа.

    „Ништо слично на ова не се случило во Белата куќа во нашата долга историја на покривање различни администрации од различни партии“, вели Дин Бакет, извршен уредник на „Њујорк тајмс“.

    Потегот на Белата куќа се случи неколку часа откако Трамп ги нападна медиумите во говор на Конференцијата за конзервативна политичка акција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира