БЕЛГИЈА ГО ВРАТИ ЗАБОТ НА ХЕРОЈОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА КОНГО, 61 ГОДИНА ОТКАКО ГО УБИ И МУ ГО УНИШТИ ТЕЛОТО

    БЕЛГИЈА ГО ВРАТИ ЗАБОТ НА ХЕРОЈОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА КОНГО, 61 ГОДИНА ОТКАКО ГО УБИ И МУ ГО УНИШТИ ТЕЛОТОПатрис Лумумба беше една од водечките личности на африканската борба за ослободување (Фото: ЕПА)

    Белгија му предаде заб од конгоанскиот борец за независност Патрис Лумумба на неговото семејство на денешната церемонија во Брисел. Позлатениот заб е единствената позната останка од Лумумба, кој беше убиен од тогашните белгиски колонијални власти во 1961 година.

    „Постои чувство на задоволство по сите овие години“, изјави еден од синовите на Лумумба.

    Позлатениот заб бил земен како еден вид ловечки трофеј

    Откако бил стрелан, телото на Лумумба било закопано во плиток гроб, за потоа да биде откопано и повторно закопано на 200 километри подалечна локација. Неговите останки потоа повторно биле ексхумирани, исечени на парчиња и растворени во киселина. Белгискиот полициски комесар Жерар Суте, кој го надгледувал уништувањето на останките, подоцна признал дека го зел позлатениот заб.

    Тој тврдел дека зачувал уште еден заб и два прста, но тие никогаш не се пронајдени. Во документарец од 1999 година, Суте кажал дека забите и прстите биле еден вид ловечки трофеј.

    Лумумба, една од водечките личности на африканската борба за ослободување, станал премиер на 34 години, откако бил избран во последните денови од колонијалното владеење. Тој отворено зборувал за злосторствата на ропството, понижувајќи ги белгискиот крал Бодуен и белгиската власт и по само една година станал жртва на Студената војна и внатрешните политички борби. Бил соборен во пуч, а потоа и затворен, мачен и убиен.

    Четириесет години подоцна, Белгија призна дека носи морална одговорност за смртта на Лумумба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира