БЕЛОРУСКИ ДИВЕРЗАНТИ СО ДРОНОВИ НАПАДНАЛЕ И ОШТЕТИЛЕ РУСКИ ВОЕН АВИОН БЛИЗУ МИНСК

    БЕЛОРУСКИ ДИВЕРЗАНТИ СО ДРОНОВИ НАПАДНАЛЕ И ОШТЕТИЛЕ РУСКИ ВОЕН АВИОН БЛИЗУ МИНСКНападот се случил на аеродромот во Мачулишчи близу Минск (Фото: АП)

    Набљудувачки авион на руската војска „А-50“ е оштетен во напад со дрон врз аеродром близу Минск, објавија белоруски партизани и членови на опозицијата во егзил.

    Тоа беа дронови. Учесници во операцијата беа Белоруси. Тие сега се на безбедно надвор од земјата“, изјави Александр Азаров, лидерот на белоруската антивладина организација БИПОЛ, која Минск ја означи како терористичка.

    Русија и Белорусија досега не го коментираа наводниот напад, кој не беше потврден од независни извори.

    Партизаните изведоа успешна операција и разнесоа редок руски авион на аеродромот во Мачулишчи близу Минск. Ова е најуспешната диверзија во Белорусија од почетокот на инвазијата на Украина“, изјави Франак Вјакорка, близок соработник на лидерката на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја.

    БИПОЛ соопшти дека во две експлозии биле оштетени предниот и централниот дел на авионот, како и радарската антена. „Бериев А-50“ е руски авион за рано предупредување кој има способност да следи до 60 цели истовремено.

    Белорусија досега не учествуваше директно во војната во Украина, но им дозволи на руските сили да лансираат напади од нејзина територија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира