БЕРЛИН ГИ ЗАБРАНИ ЗНАМИЊАТА НА РУСИЈА И УКРАИНА ЗА ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

    БЕРЛИН ГИ ЗАБРАНИ ЗНАМИЊАТА НА РУСИЈА И УКРАИНА ЗА ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТВо Берлин има доста воени споменици од советското време

    Берлинската полиција го забрани истакнувањето на руското и украинското знаме на настаните со кои ќе се одбележи годишнината од завршувањето на Втората светска војна. Тие кажаа дека забранети ќе бидат и знамињата на самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск, како и руските воени симболи З и В.

    Украинскиот амбасадор во Германија, Андриј Мелник, гневно реагираше на одлуката, велејќи дека на тој начин се израмнуваат жртвата и агресорот во руската инвазија на Украина.

    „Шокирани сме од одлуката на берлинската полиција да ги забрани знамињата поврзани со Украина на 8 и 9 мај. Ова е шамар за Украина и за украинскиот народ“, изјави Мелник.

    Русија ја слави победата над фашизмот на 9 мај, додека во западна Европа, крајот на Втората светска војна се одбележува ден порано.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира