БЕЗ ПРИМИРЈЕ НЕМА ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗАЛОЖНИЦИ, КАЖА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ХАМАС КОЈА ЈА ПОСЕТИ МОСКВА

    БЕЗ ПРИМИРЈЕ НЕМА ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗАЛОЖНИЦИ, КАЖА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ХАМАС КОЈА ЈА ПОСЕТИ МОСКВАХамас тврди дека во израелските бомбардирања веќе биле убиени околу 50 заложници (Фото: АП)

    Хамас кажа дека ослободувањето на заложниците би било можно само ако има примирје и прекин на бомбардирањата на Газа. Израел најави дека спрема копнена офанзива на Газа, но САД и арапските земји му сугерираа да ја одложи, зашто таа би довела до значителен пораст на човечки жртви во густо населената област.

    Делегација на Хамас ја посети Москва, при што, како што објави весникот „Комерсант“, било кажано дека треба време да се лоцираат сите заложници кои биле земени од разни палестински милитантни фракции при упадот во Израел на 7 октомври.

    Земени се десетици луѓе, најголем дел цивили и ни треба време да ги најдеме сите во Појасот Газа и да ги ослободиме“, изјави Абу Хамид, член на делегацијата на Хамас.

    Тој кажа дека Хамас има намера да ги ослободи сите цивилни затвореници, од кои досега се пуштени само четири.

    Сепак, тоа бара мирно окружување“, кажа Хамид, тврдејќи дека во израелските бомбардирања веќе биле убиени околу 50 заложници.

    Израелската војска претходно кажа дека во Газа се држат најмалку 222 заложници, меѓу кои има и државјани на други земји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира