БИЛ И МЕЛИНДА ГЕЈТС СЕ РАЗВЕДУВААТ ПО 27 ГОДИНИ БРАК

    БИЛ И МЕЛИНДА ГЕЈТС СЕ РАЗВЕДУВААТ ПО 27 ГОДИНИ БРАКЗаедно ја водат Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“. (Фото: Гети)

    Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат после 27 години брак, објавија на Твитер, со образложение дека „повеќе не веруваат дека заедно може да растат како двојка“.

    „После подолго размислување и многу работа на нашата врска, одлучивме да му ставиме крај на нашиот брак“, напишаа тие на Твитер.

    Бил и Мелинда се запознале во доцните 1980-те, кога таа почнала да работи во неговата компанија „Мајкросфот“.

    Имаат три деца. Заедно ја водат Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, која донира милијарди долари за помош за заразни болести и за кампањи за подигнување на свеста за вакцинација на деца. Според „Форбс“, Бил е четврти најбогат човек во светот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира