Италијанскиот социјалист Давид-Марија Сасоли е избран за нов претседател на Европскиот парламент, за да го наследи својот сонародник Антонио Тајани, кој денеска поднесе оставка.
Во вториот круг на гласањето, Сасоли освои 345 гласови од можни 667. На второто место се пласираше чешкиот конзервативец Јан Захрадил со 160 гласови, а кандидати уште беа и Ска Келер од Германија и Сира Риго од Шпанија.
Токму Европскиот парламент во средина на месецот треба да одлучи дали ја прифаќа номинацијата на Урсула фон дер Лајен за нов шеф на Европската комисија.
Шеесет и тригодишниот Сасоли е поранешен новинар, кој првпат беше избран во Европскиот парламент во 2009 година.