БИВШИОТ АДВОКАТ НА СЛОБОДАН МИЛОШЕВИЌ УБИЕН ВО АТЕНТАТ ВО БЕЛГРАД

    БИВШИОТ АДВОКАТ НА СЛОБОДАН МИЛОШЕВИЌ УБИЕН ВО АТЕНТАТ ВО БЕЛГРАДДрагослав Огњановиќ беше ангажиран во судските процеси во Хаг, а во последно време бранеше некои од најпознатите српски мафијаши (Фото: Ројтерс)

    Драгослав Огњановиќ, еден од најугледните српски адвокати, кој, меѓу другите, го застапуваше и Слободан Милошевиќ, е убиен синоќа во Белград.

    Педесет и седумгодишниот Огњановиќ е застрелан пред зградата во којашто живееше, а во атентатот во Нов Белград е повреден и неговиот постар син, потврди министерот за внатрешни работи.

    „Слушнавме неколку истрели и истрчавме да видиме што се случува. Видов маж облечен во црно како бега од местото на злосторството“, кажа еден сведок.

    Огњановиќ во последно време беше адвокат на најпознатиот српски мафијаш Лука Бојовиќ, како и на неговите семејство и соработници.

    Тој, исто така, беше дел од правниот тим на Слободан Милошевиќ за време на судскиот процес во Хаг.

    Ликвидацијата на Огњановиќ е само продолжение на крвавата низа, откако изминативе години повторно се разгоре војната помеѓу наркокланови од Србија и Црна Гора.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира