Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е осуден на две и пол години затвор за воено профитерство во случајот „Хипо“.
Судот во Загреб го прогласи за виновен за афера која датира од војната во Хрватска, кога склучил штетен договор со „Хипо банка“ за купување згради на хрватската амбасада.
„Во 1994 и 1995 година, во времето на висока инфлација, владата тешко наоѓаше банки кај кои би се задолжила. Како преговарач со ‘Хипо банка‘, место да делува во интерес на Хрватска, Санадер договорил да му се исплатат пет отсто од договорениот заем од седум милиони шилинзи, со што незаконски се стекнал со 3,6 милиони куни“, кажа судијката Јасна Галешиќ.
Таа додаде дека оваа пресуда е преседан, бидејќи првпат во Хрватска се казнува воено профитерство.
„На Санадер во тоа време би му требале 64 години за да ги заработи парите што ги доби од провизијата. Тој како заменик министер требаше да ги штити државните интереси“, додаде Галешиќ.