БИВШИОТ ПРВ ДАНОЧНИК ЌЕ БИДЕ НОВ ПРЕМИЕР НА РУСИЈА

    БИВШИОТ ПРВ ДАНОЧНИК ЌЕ БИДЕ НОВ ПРЕМИЕР НА РУСИЈАМишустин не се истакнуваше политички откако во 2010 година стана шеф на Федералната даночна служба (Фото: АП)

    Досегашниот шеф на руската даночна служба Михаил Мишустин е именуван за нов премиер на Русија, објави Кремљ.

    Тој доаѓа на местото на Дмитри Медведев, кој неочекувано поднесе оставка само неколку часа по редовното годишно обраќање до нацијата на Владимир Путин. Прифаќајќи ја оставката на Медведев, Путин кажа дека неговиот кабинет не ги исполнил сите предвидени цели. На Медведев му е понудено да биде заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност.

    Педесет и тригодишниот Мишустин работи во Владата од 1998 година, но политички не се истакнуваше откако во 2010 година стана шеф на Федералната даночна служба.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира