БОЈКО БОРИСОВ НАРЕДИЛ ПРОВЕРКА НА 40.000 БУГАРСКИ ПАСОШИ ИЗДАДЕНИ НА СТРАНЦИ, НАЈМНОГУ БИЛЕ ЗА МАКЕДОНЦИ

    БОЈКО БОРИСОВ НАРЕДИЛ ПРОВЕРКА НА 40.000 БУГАРСКИ ПАСОШИ ИЗДАДЕНИ НА СТРАНЦИ, НАЈМНОГУ БИЛЕ ЗА МАКЕДОНЦИВо неделата стана јасно дека жителите од пограничните региони масовно си ги продавале домашните адреси за регистрација на странци. - Бојко Борисов

    Премиерот Бојко Борисов наредил итна проверка на бугарските пасоши што биле издадени на странци во последните пет години. Ревизијата ќе ја спроведуваат Министерството за внатрешни работи и Државната агенција за национална сигурност и Борисов побарал да ги добие резултатите во најкраток можен рок.

    Нивната задача нема да биде ни малку лесна, јавуваат бугарските медиуми, бидејќи Бугарија од 2014 година издала околу 40.000 пасоши на жители на други држави.

    Најголем интерес за бугарско државјанство имало во Македонија, по што следуваат Украина, Молдавија, Србија и Русија, а високо на оваа листа котираат и Израел и Турција.

    Најмногу бугарски документи биле издадени во 2016 година, на дури 12.880 луѓе. Од почетокот на оваа година, бројката е 6.819 нови пасоши.

    Борисов ја наредил оваа проверка само ден откако јавноста дозна за малверзациите со доделувањето бугарски пасоши. Во неделата стана јасно дека жителите од пограничните региони масовно си ги продавале домашните адреси за регистрација на странци, кои на таа основа добивале бугарски пасош. Тарифите се движеле меѓу 50 и 100 евра и само во општина Ќустендил биле регистрирани околу 13.000 Срби и Македонци. Во областите на Благоевград и Ќустендил, на некои адреси имало пријавено по 300 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира