БРАЗИЛСКАТА ПОЛИЦИЈА КАЖА ДЕКА СПРЕЧИЛА БОМБАШКИ НАПАД НА КОНЦЕРТОТ НА ЛЕЈДИ ГАГА ВО РИО, НА КОЈ ДОЈДОА НАД ДВА МИЛИОНА ЛУЃЕ

    БРАЗИЛСКАТА ПОЛИЦИЈА КАЖА ДЕКА СПРЕЧИЛА БОМБАШКИ НАПАД НА КОНЦЕРТОТ НА ЛЕЈДИ ГАГА ВО РИО, НА КОЈ ДОЈДОА НАД ДВА МИЛИОНА ЛУЃЕКонцертот на плажата Копакабана го плати градот (Фото: Гети)

    Бразилската полиција објави дека спречила бомбашки напад што требало да се изведе на вчерашниот концерт на Лејди Гага на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро. Концертот го плати градот и привлече над два милиона луѓе.

    Цивилната полиција на државата Рио де Жанеиро, работејќи во координација со министерството за правда, соопшти дека заговорот бил организиран од група која промовира говор на омраза и радикализација на тинејџери. Одговорниот за планот и еден тинејџер се уапсени, соопшти полицијата на Икс.

    Осомничените регрутирале учесници, вклучително и малолетници, за да извршат координирани напади со импровизирани експлозивни направи и молотови коктели“, кажа полицијата.

    Министерството за правда додаде дека регрутерите се претставувале како членови на глобалната база фанови на Гага, познати како „мали чудовишта“.

    Полицијата ја спровела акцијата по дојава од полициските разузнавачи на државата Рио, која открила дигитални ќелии кои поттикнуваат насилничко однесување меѓу тинејџерите, користејќи кодиран јазик и екстремистичка симболика. Властите притоа извеле претреси на десетина локации во неколку места.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира