БРИТАНИЈА ГО СМЕНИ АМБАСАДОРОТ ВО САД ПИТЕР МАНДЕЛСОН ПОРАДИ ВРСКИТЕ СО ПЕДОФИЛОТ ЕПСТАЈН

    БРИТАНИЈА ГО СМЕНИ АМБАСАДОРОТ ВО САД ПИТЕР МАНДЕЛСОН ПОРАДИ ВРСКИТЕ СО ПЕДОФИЛОТ ЕПСТАЈНМанделсон во едно писмо го ословува Епстајн со „мој најдобар другар“ (Фото: АП)

    Британскиот премиер Кир Стармер го отпушти амбасадорот во САД, Питер Манделсон, откако се дозна за неговите пошироки врски со покојниот сексуален престапник Џефри Епстајн. Манделсон беше принуден да ја напушти најпосакуваната дипломатска функција во Велика Британија откако оваа недела беа откриени некои од неговите писма и е-пошта до Епстајн.

    Стармер силно го поддржа својот амбасадор вчера, во пресрет на државната посета на Доналд Трамп, со кого Манделсон разви добри врски. Американскиот претседател исто така се соочи со прашања за неговите врски со Епстајн, а Белата куќа негираше дека честитката со голо женско тело, што Трамп наводно му ја пратил на Епстајн за роденден, е автентична.

    Манделсон, кој беше клучен за успехот на Лабуристичката партија кога Тони Блер беше премиер, беше под лупа откако американските конгресмени објавија документи за Епстајн, вклучувајќи писмо во кое тој го ословува со „мој најдобар другар“. Потоа во медиумите беа објавени мејлови кои покажуваат дека Манделсон го советувал Епстајн да се бори за предвремено ослободување во 2008, кога требаше да биде осуден на 18 месеци затвор за нудење на малолетно лице за проституција.

    Е-поштата покажува дека длабочината и обемот на врската на Питер Манделсон со Џефри Епстајн се суштински различни од она што беше познато во времето на неговото назначување“, соопшти британското Министерство за надворешни работи.

    Манделсон вчера изјави дека длабоко жали што го запознал Епстајн и што ја продолжил поврзаноста со него „многу подолго отколку што требало“, сугерирајќи дека верувал во лагите на „харизматичен криминален лажго“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира