Британската премиерка Лиз Трас поднесе оставка по само 45 дена на функцијата.
Во изјава пред Даунинг Стрит, таа кажа дека не може да го одработи мандатот за кој што била избрана и го известила кралот Чарлс дека поднесува оставка и како лидер на владејачката Конзервативна партија.
Конзервативната партија во наредната недела треба да избере нов лидер и нов премиер.