БРИТАНСКИ ВОЈНИЦИ СЕ ВО УКРАИНА, ОТКРИВА ПРОТЕЧЕНАТА ГЕРМАНСКА СНИМКА, КРЕМЉ ВЕЛИ ДЕКА ТАА Е ДОКАЗ ЗА ДИРЕКТНА ВМЕШАНОСТ НА ЗАПАДОТ ВО ВОЈНАТА

    БРИТАНСКИ ВОЈНИЦИ СЕ ВО УКРАИНА, ОТКРИВА ПРОТЕЧЕНАТА ГЕРМАНСКА СНИМКА, КРЕМЉ ВЕЛИ ДЕКА ТАА Е ДОКАЗ ЗА ДИРЕКТНА ВМЕШАНОСТ НА ЗАПАДОТ ВО ВОЈНАТАУкраински војник држи граната за топ од британско производство (Фото: Гети)

    Британски војници се на терен во Украина и ѝ помагаат на украинската војска во лансирањето на проектилите со долг дострел „сторм шедоу“, открива аудиоснимката од разговор помеѓу германски воени офицери што протече во руските медиуми.

    Кремљ обвини дека оваа снимка е доказ за директна вмешаност на колективниот запад во војната во Украина и покажува дека Германија разговара за планови за напади на руската територија. Руските медиуми минатата недела објавија снимка на која германски воени офицери разговараат за можни украински напади на Кримскиот мост со употреба на германски проектили „таурус“.

    За време на разговорот, шефот на германските воздушни сили, генерал-полковникот Инго Герхарц, опишува како Британија работи со Украина на распоредувањето на проектили „сторм шедоу“ за да се гаѓаат цели 250 километри зад руските линии.

    Што се однесува до планирањето на мисиите, знам како Англичаните го прават тоа. Тие имаат неколку луѓе на терен, Французите немаат“, вели Герхарц.

    Разговорот долг 38 минути прво беше објавен на релативно несигурната платформа „Вебекс“ и се чини дека бил хакиран и снимен од руски играчи, кои потоа го предале на уредничката на руската државна телевизија „РТ“.

    Велика Британија минатата недела првпат потврди дека „малуброен британски воен персонал“ е присутен во Украина, без да наведе во каква улога. Германскиот канцелар Олаф Шолц потоа објави дека нема да ѝ даде проектили „таурус“ на Украина зашто тоа би барало присуство на германски војници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира