БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР РИШИ СУНАК КАЗНЕТ ЗАШТО НЕ НОСЕШЕ ПОЈАС НА ЗАДНО СЕДИШТЕ

    БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР РИШИ СУНАК КАЗНЕТ ЗАШТО НЕ НОСЕШЕ ПОЈАС НА ЗАДНО СЕДИШТЕОд кабинетот на британскиот премиер велат тој ја прифаќа дека направил грешка и се извинува, додавајќи дека ќе тој ќе ја плати казната. (Фото: Инстаграм/принтскрин)

    Британскиот премиер Риши Сунак е казнет од полицијата зашто не носеше сигурносен појас додека снимаше видео за социјалните мрежи. Полицијата од Ланкашир соопшти дека издала казна на 42-годишен маж од Лондон со условна понуда за фиксна казна.

    Патниците во автомобил фатени без појас можат да бидат казнети со 100 фунти, а ако случајот дојде до суд, казната може да дојде до 500 фунти.

    Од кабинетот на британскиот премиер велат тој ја прифаќа дека направил грешка и се извинува, додавајќи дека ќе тој ќе ја плати казната.

    Сунак беше во Ланкашир додека го снимаше видеото, за време на патување низ северна Англија. Видеото беше за промоција на зголеменот трошење на британската влада.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира