БРИТАНСКОТО СТОПАНСТВО ЌЕ БИДЕ ПОГОДЕНО АКО НЕМА ДОГОВОР ЗА БРЕГЗИТ, ВЕЛИ ММФ

    БРИТАНСКОТО СТОПАНСТВО ЌЕ БИДЕ ПОГОДЕНО АКО НЕМА ДОГОВОР ЗА БРЕГЗИТ, ВЕЛИ ММФ„Секој друг договор нема да биде доволно добар како непречен проток на стоки, услуги, луѓе и капитал меѓу ЕУ и Велика Британија“, вели Кристин Лагард, директор на Меѓуародниот монетарен фонд (Фото: ПА)

    Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди дека ако нема договор за брегзит околу условите на Светската трговска организација, тоа може да повлече значителни трошоци за стопанството на Велика Британија. ММФ вели дека ите сценаријата за брегзит ќе ги зголемат трошоците, но излегување без ред може да влијае на значително полош исход.

    ММФ очекува британската економија да порасне за 1,5 отсто во 2018 и 2019 година, ако биде постигнат договор за брегзит. Предвидувањата се од последниот годишен извештај на ММФ за британското стопанство.

    Кристин Лагард, директорка на ММФ, на прес-конференцијата во Министерството за финансии во Лондон рече: „Овие проекции се однесуваат на навреме постигнат договор со ЕУ за слободна трговија и ако потоа процесот брегзит биде релативно уреден. Секој друг договор нема да биде доволно добар како непречен проток на стоки, услуги, луѓе и капитал меѓу ЕУ и Велика Британија“.

    Ако процесот се одвива без договор во помала мера ќе ги погоди и другите европски економии, велат од ММФ.

    Лагард кажа дека излезот од ЕУ без договор ќе има сериозни последици, вклучувајќи намален раст, зголемување на дефицитот, намалување на вредноста на фунтата, што ќе влијае на намалување на британската економија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира