БРИТИШ ЕРВЕЈС И ЛУФТХАНЗА ГИ ПРЕКИНАА ЛЕТОВИТЕ ДО КАИРО

    БРИТИШ ЕРВЕЈС И ЛУФТХАНЗА ГИ ПРЕКИНАА ЛЕТОВИТЕ ДО КАИРОБритиш Ервејс вчера им кажа на изненадените патници на аеродромите во Лондон дека не може да летаат и дека можат да презакажат лет во наредните недела дена. (Фото: Твитер)

    Бритиш Ервејс и Луфтханза одеднаш ги прекинаа сите летови до Каиро од безбедносни причини откако британската влада предупреди за зголемен ризик од терористички напади против авиони над Египет. Бритиш Ервејс вчера им кажа на изненадените патници на аеродромите во Лондон дека не може да летаат и дека можат да презакажат лет во наредните недела дена. Од Бритиш Ервејс потврдија дека ги суспендирале летови до Каиро во рок од една недела.

    Авиокомпаниите, две од најголемите во Европа, не дадоа повеќе детали за безбедносните проблеми.

    „Безбедноста е приоритет број еден за Луфтханза. Авиокомпанијата привремено ги суспендираше летовите до Каиро на 20.07.2019 како превентивна мерка. Нормалните операции ќе продолжат утре“, соопшти германската компанија.

    Британската влада во петокот објави предупредување да се избегнуваат патувања во Синај и западно од Нил и кажа дека треба да се биде внимателен и во Каиро.

    „Има зголемен ризик од тероризам против авијацијата“, соопшти британската влада.

    Американскиот Стејт Департмент во петокот исто така предупреди дека има зголемен ризик за цивилната авијација што оперира во или во близина на Египет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира