БРИТИШ ЕРВЕЈС И ИБЕРИЈА ЈА КУПУВААТ ПОРАНЕШНАТА КОМПАНИЈА НА НИКИ ЛАУДА – АВСТРИСКАТА НИКИ

    БРИТИШ ЕРВЕЈС И ИБЕРИЈА ЈА КУПУВААТ ПОРАНЕШНАТА КОМПАНИЈА НА НИКИ ЛАУДА – АВСТРИСКАТА НИКИКомпанијата беше основана од поранешниот шампион во Формула 1 Ники Лауда во 2003 година, а потоа во 2011 година беше продадена на Ер Берлин која пропадна пред неколку месеци - Ербас А320 на Ники на аеродромот во Салцбург (фото: airliners.net)

    Интернешенел Ерлајнс Груп, која е сопственик на британската Бритиш ервејс и шпанската компанија Иберија ќе ја купи банкротираната австриска нискобуџетна компанија Ники, дознава германската новинска агенција ДПА.

    Договорот треба да биде финализиран следните неколку дена.

    Германскиот весник Билд објави дека зделката е проценета на 40 милиони евра.

    Компанијата беше основана од поранешниот шампион во Формула 1 Ники Лауда во 2003 година, а потоа во 2011 година беше продадена на Ер Берлин.

    По пропаѓањето на Ер Берлин пред неколку месеци, оваа компанија беше преземена од групацијата Луфтханза, а Ники не можеше да биде откупена поради противењето на Европската комисија за монополска позиција на германската групација. Луфтханза се откажа од намерата за купување на Ники која во мрежата на Ер Берлин ги одржуваше линиите за туристичките дестинации во Медитеранот и северна Африка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира