БРОЈОТ НА УБИЕНИ ВО МАСОВНОТО ПУКАЊЕ ВО КАНАДА ПОРАСНА НА 22, МОТИВОТ И НАТАМУ НЕПОЗНАТ

    БРОЈОТ НА УБИЕНИ ВО МАСОВНОТО ПУКАЊЕ ВО КАНАДА ПОРАСНА НА 22, МОТИВОТ И НАТАМУ НЕПОЗНАТМеѓу убиените е и полицајката Хајди Стивенсон, која имала 23-годишно искуство во службата (Фото: Шатерсток)

    Трагичниот биланс на најсмртоносното масовно пукање во историјата на Канада порасна на 22 убиени, додека полицијата и натаму се обидува да го открие мотивот на 51-годишниот напаѓач, чиј поход во провинцијата Нова Шкотска во понеделникот траеше 14 часови.

    Меѓу убиените се 17-годишник, бремена здравствена работничка и искусна полицајка и полицијата објави дека напаѓачот познавал некои од жртвите. За време на нападот, тој носел полициска униформа и возел автомобил налик на полициски, но не бил вработен во Канадската кралска полиција, која на крајот и го убила во меѓусебна престрелка.

    Во прв момент, полицијата објави дека се убиени 16 луѓе на исто толку различни локации низ Нова Шкотска, но нејзината работа беше успорена од тоа што се пребаруваа остатоци на неколку изгорени куќи. Властите кажаа дека истрагата би можела да трае со месеци.

    Засега нема информации што го мотивирало Габриел Вортман да тргне во својот поход или како ги избирал жртвите.

    „Истрагата е детаљна и сложена. Се обидуваме да разбереме повеќе за оваа многу трагична ситуација“, кажаа од Канадската кралска полиција.

    Се верува дека Вортман тргнал во поход со одредена цал, а потоа почнал да убива на памет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира