БУГАРИЈА ЌЕ ГИ ОБЈАВИ ИМИЊАТА НА СИТЕ МАКЕДОНЦИ КОИ ДОБИЛЕ БУГАРСКИ ПАСОШ

    БУГАРИЈА ЌЕ ГИ ОБЈАВИ ИМИЊАТА НА СИТЕ МАКЕДОНЦИ КОИ ДОБИЛЕ БУГАРСКИ ПАСОШАдресата во Софија каде што се водат како жители Македонците со бугарски пасош. (Фото: СДК.МК)

    Пред усвојување во бугарскиот парламент се измените на Законот за бугарско државјанство со кои регистарот на сите кои добиле бугарско државјанство ќе биде јавен, а јавна ќе биде и церемонијата на доделување државјанство.

    Измените поминаа прво читање во парламентот, откако „за“ гласаа 180 пратеници. Наскоро ќе биде и гласањето по второто читање, по што законските измени ќе стапат во сила.

    Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев вели дека меѓу 120-те илјади граѓани на Македонија кои добиле бугарски пасош има многу бивши и актуелни политичари, пратеници, министри и градоначалници.

    „Со последната промена, сите наши сонародници од Република Северна Македонија кои добиле бугарско државјанство во изминатите 22 години врз база на доказ од самите нив на бугарско потекло и декларација за бугарско самоопределување, ќе бидат јавно објавени. Така, овие над 120.000 македонски Бугари, меѓу кои и многу бивши и актуелни политичари, пратеници, министри, градоначалници, шефови на служби, шефови на партии, сопственици на медиуми и телевизии, новинари, коментатори, како и нивните семејства ќе бидат јавно заштитени од говор на омраза и дискриминација од македонските институции затоа што се чувствуваат Бугари. Тие пак што се ‘принудени’ да се преправаат дека се јавни бугаромрзци само за да го прикријат своето бугарско потекло и самоопределување, веќе нема да имаат причина да го прават тоа“, напиша Ковачев на Фејсбук.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира