БУГАРИЈА ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ТАЈНО СНИМАЊЕ ЖЕНИ ВО САЛОНИ ЗА УБАВИНА, СНИМКИТЕ СЕ ОБЈАВУВАЛЕ НА ПОРНОСАЈТОВИ

    БУГАРИЈА ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ТАЈНО СНИМАЊЕ ЖЕНИ ВО САЛОНИ ЗА УБАВИНА, СНИМКИТЕ СЕ ОБЈАВУВАЛЕ НА ПОРНОСАЈТОВИПовеќе од 100 жалби биле доставени во полицијата во Бургас

    Бугарските обвинители покренаа истрага откако стотици жени биле тајно снимани за време на интимни козметички процедури во салони за убавина, по што снимките биле објавувани на порнографски сајтови. Жените биле снимани со тајни камери кога често биле целосно голи.

    Некои снимки датираат од 2023 и во меѓувреме се појавиле на десетици порнографски сајтови и канали на Телеграм.

    Повеќе од 100 жалби биле доставени во полицијата во Бургас, според обвинителката Марија Маркова. Скандалот вклучи најмалку два салона за убавина во Бургас и еден во Казанлак, а се проверуваат салони и во други бугарски градови. Меѓу жртвите има и малолетнички од 15 до 17 години, потврдија обвинителите.

    Прво препознав мои пријатели и роднини, бидејќи доста од нас го посетуваат овој салон од 2020, вклучувајќи ме и мене. Кога видов познато лице, почнав да барам дали ќе видам некој друг што го познавам, а и себеси. Одвратно е, понижувачки, се чувствуваш како да си искористен. Најлошото е што знам дека некој друг можеби ќе ме препознае“, изјави една од жртвите за бугарската телевизија „Нова“.

    Според домашните медиуми, меѓу жртвите има и судијка, обвинителка, новинарка и ќерки на регионален гувернер. Некои жртви велат дека камерите биле поставени многу блиску и директно свртени кон нивните интимни области. Неколку жени тврдат дека процедурите биле емитувани во живо, а гледачите плаќале за пристап со криптовалута.

    Полицијата ги испрашувала сопствениците на салоните и сегашните и поранешните вработени, но досега немало апсења. Сопствениците негираат вмешаност, а некои тврдат дека нивните безбедносни камери биле хакирани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира