ЧАРЛС МЕНСОН ТВРДИ ДЕКА УБИЛ ЛУЃЕ ВО МЕКСИКО НА ДОСЕГА НЕОБЈАВЕНИ СНИМКИ

    ЧАРЛС МЕНСОН ТВРДИ ДЕКА УБИЛ ЛУЃЕ ВО МЕКСИКО НА ДОСЕГА НЕОБЈАВЕНИ СНИМКИМенсон почина во затвор во 2017 (Фото: Гети)

    Озлогласениот лидер на секта Чарлс Менсон признал и други убиства во досега необјавени снимки, покрај деветте извршени од неговите следбеници во 1969 година. Менсон, кој почина во затвор во 2017, ги наредил овие убиства со надеж дека ќе почне расна војна.

    Видете, има еден дел од мојот живот за кој никој не знае. Едно време живеев во Мексико. Отидов во Акапулко и украдов некои автомобили. Таму бев вмешан во неколку убиства. Го оставив мојот пиштол ‘магнум‘ во Мексико и зад мене останаа неколкумина мртви луѓе на клупа“, вели Менсон на една од снимките, што ќе бидат објавени во нова документарна серија.

    За потребите на серијата биле интервјуирани и соработници на Менсон, како и Фил Кауфман, со кого ја делел затворската ќелија.

    Чарли беше многу добар во тоа да биде зол и да не го покажува тоа“, кажа Кауфман.

    Во серијата што ќе се емитува на стриминг сервисот „Пикок“, Менсон се присетува на раните злосторства што водеа кон убиствениот поход во летото 1969. Петмина луѓе беа убиени во домот на трудната актерка Шерон Тејт, тогашна сопруга на Роман Полански.

    Менсон директно не учествувал во ниедно од убиствата, но сепак беше осуден за убиство зашто им наредил на своите следбеници да извршат седум од нив.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира