ЧЕСТ Е ДА СЕ ЗАГИНЕ ВО ЏИХАД, КАЖА КАДИРОВ ОТКАКО ПРИЗНА ДЕКА НЕГОВИТЕ БОРЦИ ИМАЛЕ ГОЛЕМИ ЗАГУБИ ОВАА НЕДЕЛА

    ЧЕСТ Е ДА СЕ ЗАГИНЕ ВО ЏИХАД, КАЖА КАДИРОВ ОТКАКО ПРИЗНА ДЕКА НЕГОВИТЕ БОРЦИ ИМАЛЕ ГОЛЕМИ ЗАГУБИ ОВАА НЕДЕЛАКадиров кажа дека инцидентот се случил во јужниот регион Херсон

    Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров призна дека 23 негови борци загинале, а 58 биле ранети во украински артилериски напад оваа недела. Ова е невообичаено признание од руската страна, имајќи предвид дека од почетокот на војната во Украина, проруските сили ретко признаваа големи загуби на бојното поле.

    Кадиров кажа дека овој инцидент се случил во јужниот регион Херсон.

    Спасувачката операција на самото место е завршена и целосната листа е 23-ца загинати и 58-мина ранети. Да, нашите загуби тоа утро беа големи, но Чеченците учествуваат во џихад и ако нивната судбина е да паднат во светата војна, тоа е чест и голема радост за секој муслиман“, напиша Кадиров на Телеграм, додавајќи дека неговите сили веднаш се одмаздиле и убиле околу 70 Украинци.

    Некои украински извори во вторникот објавија дека над 100 чеченски борци загинале во артилериски напад кај Херсон. Тие биле сместени во едно училиште на другиот брег на Днепар по повлекувањето од Херсон и наводно сами ја откриле својата локација на фотографии објавени на социјални мрежи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира